Проектот „ESC Ecosystems“ има за цел да го подобри квалитетот на волонтерските ЕСК-проекти низ Европа. Се обидува да одговори на потребата за поефикасeн и поефективeн административен и проектен менаџмент и е наменет за координаторите и другите засегнати страни вклучени во спроведувањето на волонтерски проекти. Со постигнување на овие подобрувања, проектот има за цел значително да го подигне квалитетот на волонтерските искуства и истовремено да го зајакне капацитетот на организациите да понудат поголем број висококвалитетни можности за младите луѓе.
Проектот „ESC Ecosystems“ се фокусира на следните активности:
- Спроведување длабинско истражување и собирање податоци од приближно 100 искусни невладини организации кои работат со ЕСК-програмата
- Креирање на три заеднички проекти за да им се помогне на невладините организации да ги оптимизираат и подобрат постоечките проекти, како и да бидат водич за почетниците во ЕСК-програмата.
- Развивање апликација за управување со проекти за веб, Android и iOS платформи за да се намали логистичкиот, административниот и оперативниот товар на невладините организации.
- Организирање активности за дисеминација и мултипликација за зголемување на квантитетот и квалитетот на ЕСК-можностите за младите луѓе и партнерските организации што го спроведуваат проектот.
Проектот има за цел да создаде значајни промени за организациите што работат со ЕСК-програмата и нивните млади преку:
- Зголемување на капацитетот на партнерските организации и другите чинители на ЕСК
- Воведување иновативен софтвер за управување со проекти и практики водени од податоци за подобрување на ЕСК-проектите
- Зајакнување на препознатливоста на младинската работа преку промовирање иновативни практики и технологии, кои ќе ја подобрат работната атмосфера кај младинските работници и невладините организации.
- Обезбедување поквалитетни волонтерски можности за младите луѓе, нудење мерило за квалитетни проекти, истовремено намалувајќи го времето и енергијата за извршување на задачите преку оптимизирани административни процеси.
Проектот го спроведуваат: NaturKultur E.V. (Германија), Волонтерски Центар Скопје (Македонија), Ocean Znanja (Хрватска), Youth Policy Labs (Германија) и Ofensiva Tinerilor (Романија).
Проектот „ESC Ecosystems“ е финансиран од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија, преку КА2 – KA220-YOU – Партнерства за соработка кај младите.
Број на проектот: 2023-2-DE04-KA220-YOU-000184871
