Здраво! Јас се викам Мајлис, имам 19 години и доаѓам од мал град во југозападна Франција. Пред да дојдам тука, студирав туризам и според мене – најдобар начин да откриеш една земја е да живееш во неа, а не само да бидеш турист.
Сум посетила многу француски градови и некои соседни земји со моето семејство, но никогаш не сум патувала сама, па ова сега е голем предизвик за мене. Секако, првите денови ќе бидат тешки, но ќе дадам се од себе да го надминам стравот и да се препуштам на уживањето.
Едвај чекам да дознаам повеќе за македонската историја и нејзината култура преку посета на музеи (на пример) или едноставно шетајќи по улиците на центарот на градот.
За крај, би рекла дека сакам да слушам музика, да гледам серии и да излегувам со моите пријатели, па зошто да не и во Македонија!
Мајлис Хаскует
Организација-испраќач: Cercle de Qualité
Мајлис ќе стажира во хотел „Амбасадор“.