Пред точно една година, во февруари 2024 година, бев на Карипски карневал во Монпеље, славејќи го почетокот на Великиот пост. Целосно нурнат во карипско опкружување. Кој можеше да замисли дека една година подоцна нема да можам да одам на карневалот, затоа што буквално ќе бидам во ДРУГА ЗЕМЈА?
Земја која ми беше сосема непозната и по култура и храна, но колку е само убава – Македонија. Дојдов овде затоа што ми требаше промена во „сценографијата“, да пораснам и да бидам никој во еден нов универзум. И кое ќе го предизвикува сè она што мислите дека го знаете.
Нови правила, нови луѓе, мислам, прекрасни луѓе. Супер добронамерна придружба која ни помага да растеме во оваа нова средина. А да се „изгубам“ во Македонија е најдобрата одлука што сум ја донел во последните десет години.
Сретнав толку многу симпатични луѓе од различни земји: Полска, Германија, Словачка и, секако, од Франција. И конечно, тоа не е само ЕСК-проект во друга земја… тоа е мешавина од сите наши култури. Не минува ден, а да не јадам баничка, пробав пироги на Божиќ, пиев словачко вино и јадев полски колачи.
Се работи и за запознавање луѓе. Излезете од вашата удобна зона за да запознаете нови луѓе, немојте да бидете сами, без разлика какви клишеа ве опкружуваат. Мислам, да бидеме реални. Може само да се подобрите по такво искуство.
На сите им го посакувам тоа. Им благодарам на оние што ги запознав овде и на персоналот во ВЦС што прави да се чувствуваме како дома. Отворен ум за полно срце и душа.
Тери Руар