Оваа студија е спроведена во рамките на проектот „MIND“ со цел да го зајакне капацитетот на професионалците во СОО (стручно образование и обука), односно за да ги зајакнат практиките за ментално здравје и да промовираат социо-емоционална благосостојба за СОО-учениците во проекти за мобилност.
Следејќи го растечкото оптоварување на менталната благосостојба на младите луѓе кои имаат 30% до 80% поголеми шанси да доживеат нарушување на менталното здравје и со помала веројатност да добијат емоционална поддршка, ставањето акцент на нивното ментално здравје и благосостојба е поважно од кога било.
Предизиците со менталното здравје може да имаат трајни негативни влијанија врз образованието, вработувањето или личните односи. Така, секторот СОО е особено погоден и може да ги спречи учениците да го продолжат своето образование и обука или може да ги натера да го напуштат истото. Учениците кои земаат учество во проекти за мобилности се вклучени, бидејќи промените во средината и културата може да доведат до потреба од поголема емоционална поддршка.
Поради таа причина, ADICE и неговите партнери во проектот имаат за цел да обезбедат иновативни, педагошки и инклузивни решенија за да покажат дека емоционалната благосостојба е остварлива.
Специфичната цел на транснационалната студија е да ги истакне постоечките потреби и очекувања за ментално здравје во секторот на СОО во европските земји. Собраните податоци и резултати имаат за цел:
- Анализа на статусот на менталното здравје на СОО- учениците во Европската Унија и нивните потреби во однос на поддршката, вклучително и за време на меѓународни проекти за мобилност.
- Идентификување на СОО-професионалци за ефекти- вна поддршка на СОО-ученици.