You are currently viewing Добредојде за Луција од Словачка!
Lucia, Slovakia

Добредојде за Луција од Словачка!

Здраво, здраво! Јас сум Лусија, но можеш да ме викаш и Луси или Луцка. Доаѓам од Нитра, град во Словачка. Имам 24 години и студирав Применета етика во човечки ресурси.

Но, која сум јас навистина? Ако сакате да ме запознаете, разговарајте со мене за патување, особено за кафе, за растенија, пекарство или младинска работа… теми за кои би можела да зборувам по цел ден!

Веќе осум години волонтирам со деца со помали можности, како и во сиропиталишта, и благодарение на тоа се „навлеков“ на ромската култура! Еве неколку забавни факти за мене: опседната сум со шарени чорапи, уметност, вино, глупави шеги и тестенини! Интроверт кој сака да запознава нови луѓе, нови култури и да учи нови приказни.

За време на студиите, нрапвив пауза од една година за да го искусам животот во Италија, но продолжив да барам повеќе авантури по дипломирањето. И тоа ме доведе овде – во Македонија! Еднаш ја посетив Македонија и се заљубив во добрината на луѓето што ги запознав. Така, кога наидов на можност да волонтирам во Скопје, знаев дека тоа е она вистинското. И моите први денови овде потврдија дека сум била во право.

И на крај, ако го читате ова во моментов и се чувствувате несигурно или се плашите да искористите шанса што ви се пружа, ова е знак веднаш да ја грабнете.

Луција Марсиова

Луција ќе волонтира во ВЦС во следниот месец преку краткорочен ЕСК-проект.

Организација-испраќач: KERIC