Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на семинар за проектот “Youth workers for Environmental Rights” во Финска.
Место: Кокола, Финска
Датум: 17.03 – 22.03.2025
За проектот:
Проектот ги охрабрува младите професионалци од цела Европа да го истражат концептот на основните човекови права за животната средина. Обуката ќе преиспита како овие права-основни за живот, здравје, пристап до храна, вода и хигиенски услови-би можеле да бидат составен дел од младинската работа, со промовирање на поправеден и одржлив свет.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Villa Elba
Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 395 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 17.12.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.