You are currently viewing Добредојде за Софија од Германија!

Добредојде за Софија од Германија!

Здраво на сите! Јас се викам Софија и имам 18 години. Откако летово завршив средно училиште, го напуштив мојот прекрасен роден град во југозападна Германија за да изградам нов дом овде – во уште поневеројатното Скопје. Многу сум заинтересирана да истражам што е можно повеќе за ова посебно место во срцето на Балканот и локалните луѓе за да добијам поширока слика за македонската култура и општеството во целина.

Пред да навлезам во теоријата на социјалните, политичките и меѓукултурните односи на Универзитетот што ме чека в година, би сакала најпрво да ја искусам реалноста на овие важни човечки врски. На тој пат, работам на стекнување на интеркултурна компетентност, како и на подобрување на јазичните вештини, а сакам и да научам како да направам влијание во заедницата.

Ако пред една година некој ме прашаше каде замислував дека ќе бидам сега, одговорот веројатно немаше да биде Македонија. Но, во моментов, не можам да замислам подобро место од ВЦС за да ги постигнам моите лични цели, но, истовремено да направам разлика во заедницата кон подобро.

Многу сум љубопитна за сите искуства, средби и заедничко учење што ќе ги донесе претстојната година!

Софија Абег

Организација-испраќач: NaturKultur e.V.