Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (17-25 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „When sorrow turns to pain“ во Романија.
Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 11.11 – 21.11.2024
За проектот:
Целта на проектот е да се зголеми свеста на младите за проблемите создадени од дискриминација на малцинствата и да се развие нивната почит кон инклузијата и различноста преку нови креативни методи.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: HAIR REDIVIVUS BUZAU
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци до 309 евра ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Котизација од 5€ што треба да се плаќаат на организаторите по пристигнувањето.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 13.10.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.