You are currently viewing Добредојде за Нина од Аруба!
Nina, Aruba

Добредојде за Нина од Аруба!

Здраво, јас се викам Нина и доаѓам од прекрасниот остров Аруба. Уживам да одам на плажа, да пешачам со пријателите и со семејството и да минувам квалитетно време со нив. Но, исто така, сакам и кога сум сама, бидејќи некогаш и осаменоста е неопходна.

Можам да бидам и екстровертна и интровертна личност. Има моменти кога уживам да зборувам, но има и моменти кога претпочитам да молчам и тоа не затоа што сум срамежлива, туку затоа што едноставно ми треба тишина. Имам креативна страна што ја одржувам активна преку сликањето. Иако можеби не сум одлична во тоа, сепак, ме релаксира. Пријателски сум настроена и отворена за нови искуства.

Возбудена сум што следните два месеци ќе ги поминам тука во ВЦС. Верувам дека тоа ќе придонесе за мојот личен раст, ќе создаде незаборавни моменти и ќе ме научи вредни лекции што ќе ми останат до крајот на животот.

Нина Пел

Организација-испраќач: CEDE Aruba