Здраво, овде Ања! Имам 22 години и дојдов од Полска.
Неодамна дипломирав когнитивни науки. Поминав 3 години истражувајќи ги мистериите на човечкиот ум, односно учејќи за тоа како размислуваме и го перцепираме светот околу нас, како и обидувајќи се да дознаам што, по ѓаволите, е свесноста (само за да дознаам дека дури и научниците не се сигурни). Тоа беше фасцинантно време, но се чувствував како да ми треба пауза од формалното образование. И… вака завршив во Македонија!
Живеењето во странство веќе некое време ми беше на списокот. Немав никаков конкретен план – бев отворена да одам каде било во Европа. Мојата единствена желба беше да работам со социјалните медиуми и создавање содржини, бидејќи тука ја гледам мојата професионална иднина. Ова беше главната причина зошто го избрав волонтерството во ВЦС. Првпат го посетувам Балканот, па возбудена сум да ги истражам сите нови места.
Во слободното време сакам да правам се што ми дозволува да бидам креативна. Јас сум таков човек кој има премногу хобија и се бори да избере само едно на кое ќе се фокусира. Преработката на облека и шиењето имаат посебно место во моето срце, но мојата моментална опсесија е, дефинитивно, хеклањето.
Едвај чекам да видам што ќе ми донесе годината во Македонија!
Ана Војџиак
Организација-испраќач: Bona Fides