Јас сум Емре од Анкара, Турција. Имам 23 години и ги привршувам студиите на Факултетот за ветерина на Универзитетот Кирикале. Работам и како тренер на кучиња. Ги сакам животните и го сакам бегството во природа, така што Македонија, како земја со неверојатна природа, е совршено место за мене.
Уживам во волонтерската работа и сакам да ги споделам моите, како и да стекнам нови искуства.
Приватно, сакам екстремни и тимски спортови, а овие интереси ги имам во текот на мојот живот. Активно се вклучив и во разни настани. Покрај интересот за екстремни спортови, имам талент и за свирење тапани. Верувам дека музиката може да ги зближи луѓето и да создаде чувство на единство.
Емре Ајдан
Емре ќе волонтира во ВЦС во следните 6 недели преку краткорочен ЕСК-проект.
Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)