You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Touching grass!“ во Романија.

Место: Извоареле, Романија
Датум: 12.09. – 19.09.2024

За проектот:
Оваа можност е отворена за млади луѓе кои би сакале да го искусат животот во руралниот дел од Романија, убавините на природната околина и да бидат дел од руралните активности во Романија што се специфични за месец Септември.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Curba de cultura

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра или 320 евра за зелено патување) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 18.08.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.