You are currently viewing Повик за волонтер во Шпанија!

Повик за волонтер во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Volunteering with Associació Alba” во Шпанија.

Место: Тарега, Шпанија
Датум: септември 2024 – јуни 2025 (10 месеци)

Повеќе за проектот:

Целта на здружението е да обезбеди образовна и социјална грижа на лицата со попреченост со цел тие да станат поавтономни и да го олеснат нивното вклучување во локалната заедница. Како волонтер, ќе бидете одговорни да ги поддржувате квалификуваните професионалци на организацијата во различните услуги и активности.

За повеќе информации: Инфопакот

Организација-домаќин: Associació Alba

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 29.07.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.