Здраво! Јас се викам Јакуб, имам 19 години и доаѓам од Руда Шласка, Полска.
Минатата година завршив средно училиште и, барем засега, решив да не запишувам факултет. Откако знам за себе, имав желба да живеам во странство, па програмата ЕСК (Европски Солидарен Корпус) направи мојот сон да стане реалност. За оваа програма дознав преку младинска размена во Унгарија и помислив дека тоа е она што сакам да го направам. По завршувањето на средното образование, се вработив во Кол-центар каде останав осум месеци. Проектот на кој што сум сега го пронајдов на почетокот од година и без двоумење одлучив да одам во Македонија. Причината лежи во тоа што станува збор за интересна земја со богата историја, прекрасни луѓе, природа и традиција.
Зборувајќи за себе, можам да кажам дека сум екстравертна личност, сакам да поминувам време со луѓе, но, исто така, сакам да ги практикувам моите хобија во слободното време. Најмногу сакам историја, која е тема што може да го објасни минатото и да ни даде совети да не ги повторуваме истите грешки. Потоа, сакам политика. Мислам дека е важно да бидеме свесни за тоа што се случува во светот и во земјата, бидејќи тоа директно влијае на нашите животи. Сакам и да изучувам странски јазици. Можам да зборувам англиски, полски, мојот регионален јазик – шлезиски, а научив и латински. На крајот да не го заборавам и кафето! Навистина сакам добро кафе, ме интересираат различни стилови на правење кафе.
Овде, во ВЦС, би сакал да го искористам моето знаење за да и помогнам на локалната заедница и да ги подобрам своите вештини. Се надевам дека ќе научам како да организирам и водам работилници, да пишувам статии, да дизајнирам во магазинот „Воисес“, и воопшто, да увидам како функционира една невладина организација. Сакам да учам македонски и да го издигнам мојот англиски јазик на повисоко ниво. Исто така, би сакал да ги запознаам локалните традиции, храната и вообичаениот живот во Скопје.
Јакуб Покучињски
Организација-испраќач: Bona Fides