You are currently viewing Повик за младинска размена во Хрватска!

Повик за младинска размена во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Generation Impact: Cultural Activists“ во Хрватска.

Место: Планинарскиот дом Омановац, Пакрац, Хрватска
Датум: 16.09 – 25.09.2024

За проектот:
Главната цел на проектот: „Generation Impact: Cultural Activists“ е да ги поттикне младите луѓе активно да се залагаат за она што им е важно преку различни форми на културен активизам и локални акции. Проектот ќе се фокусира и на поддршка на самодовербата, самоорганизацијата, лидерството, тимската работа, самопретставувањето и мотивационите вештини на младите луѓе

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Tilia Lipik – Udruga za promicanje kulture i kulturne baštine

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 03.07.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.