You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Your time, your impact.” во Полска.

Место: Квидзин, Полска
Датум: Почеток: септември 2024 (9 или 12 месеци)

Повеќе за проектот:

Дали си млад човек што го сака неформалното образование, социјалната или младинската работа? НВО „Akwedukt“ бара посветени волонтери за долгорочни ЕСК-волонтери. Избери меѓу 8 различни организации-домаќин што вклучуваат: Центар за култура, Фудбалски клуб и Фудбалска асоцијација, Специјално училиште, библиотеката „Multicentrum“ и други!

За повеќе детали, погледнете го инфопакетот.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: Stowarzyszenie Akwedukt

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 19.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.