You are currently viewing Повик за волонтери во Литванија!

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering opportunities” во Литванија.

Место: Вилнус и Тракај, Литванија
Период:
20.07.2024 – 20.07.2025 (12 месеци)

За проектот:
Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини (hosting) – различни организации имаат различни одговорности и активности. Преку неформалната едукација и работилници, волонтерите ќе имаат можност да организираат дневни активности и настани. На тој начин ќе стекнат нови вештини, ќе станат тимски играч и повеќе толерантни и одговорни граѓани. Oрганизации-домаќини се Градинка „Patirčių slėnis“ и СОС Детско Село.

Повеќе информации:

  1. “SOS Children’s Village”
  2. “Patirčių slėnis”

Проектен партнер: Saltes (Литванија)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 9.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.