You are currently viewing Повик за обука во Шпанија!

Повик за обука во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Gender E+Quality for Beginners” во Шпанија.

Место: Херез де ла Фронтера, Шпанија
Датум: 2.06 – 8.06.2024

За проектот:
Главната цел на проектот е да се подигне свеста за родовата еднаквост и да се прошират родовите перспективи во младинската работа и Еразмус+ за млади.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: AJC Demeter

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 25 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 16.05.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.