You are currently viewing Запознајте ги нашите нови ВЕТ студенти од Италија!

Запознајте ги нашите нови ВЕТ студенти од Италија!

Поздравете ги нашите 8 нови ВЕТ-практиканти за стручно образование и обука ! Доаѓаат од Перуџа, Италија, а ВЦС ќе им биде домаќин во следниот месец колку што ќе трае нивната пракса. Ќе работат на различни места: некои во модниот бизнис (Компанијата Бела), а некои во лабораторија за анализа на крвта (лабораториите Рамус и ФармаКан). И тие, како и ние, сме исклучително среќни поради нивното присуство во Македонија. Па, ајде да ги запознаеме.

 

Миранда

17-годишната Миранда студира биомедицина со цел да стане акушерка. Во слободното време сака да се дружи со својата сестра и со пријателите. Таа дојде во Скопје за да стекне искуство и да патува. Миранда ќе работи во лабораторија.

 

Лудовика

Настојувајќи да биде моден дизајнер, 17-годишната Лудовика ја искористи шансата што и се пружи да стекне пракса овде во Македонија. Надвор од училишните и работните обврски, таа сака да лизга на мраз..

 

Маргерита

И Маргерита има 17 години, студира мода и на тоа поле ќе работи додека е овде во Скопје. Вели дека ја избрала оваа авантура за да запознае различни култури и традиции. Таа сака уметничко лизгање и вежбање во теретана.

 

Вероника

Студирајќи органско земјоделство, Вероника (18) ќе работи во лабораторија. Во слободното време, сака да се дружи со своите пријатели. Додека е тука, сака да си го подобро англискиот јазик.

 

Стела

Стела (17) студира хемија и биологија. Таа сака да стане акушерка. Работата во лабораторија во Скопје ќе и биде добредојдено искуство.

 

Алесија Платони

Алесија има 17 години, студира хемија и ќе работи во лабораторија. Преку овој проект, сака да стекне ново искуства и да патува.

 

Џулија

Џулија се стреми да биде психолог, моментално студира хемија и биологија. Таа има 17-години и ќе работи во лабораторија за анализа на крвта. Во слободното време сака да се занимава со ритмичка гимнастика.

 

Анџела

Анџела студира хемија и биологија и ќе работи во лабораторија. Сака да плива и да гледа телевизија.

 

Алесија Бјанколила

Алесија доаѓа во Скопје како тутор на волонтерите. Таа студира инженерство и верува дека наскоро ќе магистрира. Сака да планинари, да посетува различни градови и да запознава нови култури. Вели дека со задоволство ќе го истражува Скопје.