Здраво, јас сум Јохана од Франкфурт, Германија. Во следните 8 месеци ќе волонтирам во ВЦС. Возбуденa сум што ќе работам со останатите волонтери во пишувањето за „Воисес“, организирањето настани и работата со деца.
Во слободното време ме интересираат различни видови култура, без разлика дали станува збор за одење во музеј или, едноставно, гледање „глупави“ ТВ-емисии. Сакам да одам на настани, да разговарам за книги и филмови, по можност со добро кафе. Свирев и на виолина во мојот училиштен оркестар и танцував долги години: прво модерен танц, а потоа балет.
По завршувањето на средното училиште сакав да се занимавам со нешто поинаку и налетав на ВЦС. Бидејќи немав никаква врска со Македонија, ми изгледаше како совршена можност да ја доживеам културата на сосема нов начин.
Сега, по само еден ден, ме зафаќа нов свет на кирилица на непознат јазик, хаотични улици и супер фини луѓе. Ќе дозволам да се вљубам во овој град и да ја искусам Македонија во целост.
Јохана Крауткрамер