You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект “ESC in Casa Santa Chiara” во Италија.

Место: Болоња, Италија
Период:
октомври 2022 – октомври 2023 година (12 месеци)

За проектот:
Волонтерот ќе биде одговорен за подготовка на активности за интеграција на корисниците на „Casa Santa Chiara“ – Центарот за лица со посебни потреби и од него се очекува да работи рамо до рамо со членовите на персоналот во некои секојдневни заеднички активности (работилници, физичка активност, надворешни активности и специјални настани, екскурзии итн). За овој проект е потребно основно познавање на италијански јазик.

Повеќе информации:  ТУКА
Проект партнер: YouNet

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 31.07.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.