Еј, еј! Јас сум Хуго, нов волонтер од Франција (повторно)! Имам 18 години и живеам во мало село во западниот дел од Франција. Патував многу за време на моето детство, особено во Азија, каде открив многу нови култури и запознав нови луѓе. Студирав инженерство (за звук) во Рен, но го напуштив студирањето затоа што не ми одговараше, иако музиката е мојата страст.
Барав работа во Марсеј кога ги открив „Eurocircle“ и Волонтерски Центар Скопје и… тука сум! Волонтерството отсекогаш ми било на списокот на работи што сакам да ги правам, особено во странство. Сега ми е многу драго што сум тука и решен сум да го дадам максимумот за нашиот магазин „Воисес“.
Освен тоа, љубител сум на музика, кошарка и шах. Исто така, сакам да читам историски и духовни книги.
Дојдов овде пред неколку дена, но леле, каква земја! Ми се допадна пејзажот што го видов од авионот, а луѓето овде се едноставно фантастични. Сите се многу пријатни и јас веќе се чувствувам безбедно и среќно во овој нов град.
Ја користам оваа шанса да стекнам самодоверба и да запознавам нови луѓе додека се одморам од животот на Франција.
Чао чао!
Хуго Ломедет