Како лета времето! Веќе сме во новата 2022 година.
Технички гледано, не се менува цела година, туку само еден ден. Сепак, сакаме да го искористиме овој нов број како повод да поработиме на себе: Дали треба почесто да вежбам? Оваа година ќе се хранам здраво и ќе поминувам повеќе време со моето семејство!
Неизвесно е дали нашите одлуки навистина ќе се случат, но новата година има тенденција да направи осврт на минатата! Глобално гледано, „Ковид-19“ сè уште беше постојан дел од нашите животи. Сепак, летото ни ги врати меѓународните настани како што се „Изборот за песна на Евровизија“, „Парадите на гордоста“ и Европското првенство во фудбал. По што ќе ја паметите вие?
Но, новата година ќе донесе збогум за шест долгогодишни волонтери кои ќе ја го напуштат нашето семејство и ќе се вратат во Полска, Франција и во Германија.
За „Воисес“ нурнавме во светот на брзата мода и ја откривме позадината на пижамите. Исто така, ова издание имаме посебен фокус на музиката: разиграниот детски натпревар на Евровизија, проблемот со стриминг-услугите и како Адел ја измами музичката индустрија.
Ве прегрнуваме и ви благодариме што бевте со нас во текот на 2021 година!
Клариса Лоијте