You are currently viewing Повик за “Peer Act“ тренинг курс!

Повик за “Peer Act“ тренинг курс!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 8 учесници (16-23 години) од Македонија кои сакаат да учествуваат во проектот “Peer Act“.

Места и датуми:
1-ва мобилност – 17.01.2022 – 23.01.2022 / онлајн
2-ра мобилност – 6.03.2022 – 13.03.2022 / Струга, Македонија
3-та мобилност – есен 2022 / Брисел, Белгија

! Можни се измени во проектните датуми зависно од моменталната ситуација со COVID-19 !

Првиот тренинг “Thematic Awareness Training (TAT)” ќе биде онлајн, како дел од комплетниот ЕПТО тренинг циклус.

Младите луѓе во земјите-учесници покажуваат дискриминација и нетолеранција кон нивните врсници (на основа на религија, пол, етничка припадност, раса, попреченост, сексуална ориентација или едноставно не одговараат на овие социјални сфаќања). Нашето решение е да се издигне скалило погоре имплементацијата на “A world of difference–AWODTM”, тренинг програма за непристрасност.

70 учесници ќе го поминат тренингот во 4 групи водени од 2 сертифицирани тренери/група од 25+ учесници. Тренингот ќе биде според AWOD педагошкиот програм кој е насочен кон:

-развој на самосвесност за личниот и културен идентитет на учесниците
-стекнување на почит кон социо-културната разноликост
-развивање на емпатија, критичко размислување и комуникациски вештини
-согледување на сопствените и туѓите стереотипи и предрасуди и нивните облици
-преиспитување на сопствените улоги во повторување или соочување со дискриминацијата
-идентификација на личните или групни активности за промени
-пренесување понатаму и ширење на придобивките

Во следните месеци што следуваат по ТАТ, за да се биде сертифициран од ЕПТО како “Peer Certified” учесниците треба да организираат кратка работилница против дискриминација во нивните заедници (најмалку 6 часа), со употреба на методологијата од тренинзите.

Потоа 5-дневен настан ќе се одржи во Македонија, во март 2022 година, со сите оние учесници кои во заедницата ги реализирале кратките работилници. 70 учесници ќе поминат тренинг од 5 дена во 3 групи водени од 2 сертифицирани тренери/група од 25+ учесници.

Помеѓу тренинзите во Македонија и Белгија учесниците ќе треба да спроведат локални работилници во траење од најмалку 25 часа.

Третиот и последен тренинг ќе се одржи во Брисел, Белгија, во есен 2022 година. 50 учесници од почетната група кои покажале најдобри резултати во последователните активности од Ц-2 (локална имплементација) и исто така, соодветна мотивираност, ќе поминат тренинг од 5 дена водени од 2 сертифицирани тренери/група од 25+ учесници.

На крај на тренингот учесниците ќе добијат EPTO AWOD прирачник за врснички тренери и ќе бидат сертифицирани (“Peer Certified”), што ќе им овозможи да фасилитираат подолги работилници за промоција на недискриминација, толеранција, солидарност и еднаквост, кога че се вратат дома помеѓу младите.

Сите мерки на претпазливост и препораки во врска со COVID-19 ќе се почитуваат!

Повеќе информации: инфопак

Проектен партнер: ЕПТО, Белгија

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Испратете емаил на vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Peer Act”)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект аплицирате
  4. Прикачете го вашето CV на англиски
  5. Прикачете мотивациско писмо на англиски, со одговор барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • На кој начин ќе придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 13.12.2021

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок кога изборот ќе се направи.