You are currently viewing Call for ESC “Disabled Festival 2020” in Aydın, Turkey

Call for ESC “Disabled Festival 2020” in Aydın, Turkey

Волонтерски центар Скопје бара тројца волонтери од Македонија кои сакаат да учествуваат на ЕСК-проектот „Фестивал за лица со попречености 2020“ во Турција

Датум: 21.04.2020 – 21.05.2020 година

Место: Ајдин, Турција

За проектот: Проектот ќе се одржи во Дидимвич, популарно приморско одморалиште во областа Ајдин на брегот на Егејското море во западна Турција. Проектот е подготовка на „Фестивалот за лица со попречености“, каде сите волонтери и тамошните млади ќе работат во различни групи: менаџмент, медиуми, креативност, логистика, декорација, техника, промотивни видеа, спорт, физички активности, група за перформанси.

Задача за волонтери: Волонтерите ќе подготват сè што е потребно за фестивалот: промоција, дневен распоред, услови, имплементација и управување со перформансите. За време на фестивалот, волонтерите ќе комуницираат со посетителите и со учесниците на фестивалот. Тие ќе подготват презентации и работилници, ќе ја претстават културата на своите матични земји, како и информации за организациите што ги испраќаат во Турција.

Профил на волонтери:

– 1 учесник (17-30 години) со отворен ум и висока мотивација. Посветеноста е најмногу

важна.

– 1 учесник со попреченост (по можност на помлада возраст). Когнитивна и / или физичка попреченост, но за жал, сместувањето не е соодветно за инвалидска количка.

– 1 придружна личност (без старосна граница). Искусно и квалификувано лице му помага и го придружува учесникот со попреченост. Може да се пријави и негов близок.

(Ги охрабруваме и младите луѓе со помалку можности што можеби се невработени, се соочуваат со образовни, економски или социјални предизвици или имаат пониски јазични вештини.)

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС + програмата, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и сместувањето се обезбедени.

За повеќе детали, проверете го Инфо-пакетот.

Апликација:

Аплицирај сега: испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:

Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 16.03.2020