Волонтерски Центар Скопје е организатор на семинар за младински работници од 12 држави во Европа кој се одвива во Струга, Република Македонија помеѓу 20ти и 28ми ноември 2018 година . Семинарот е продолжение на тренинг курсот кој се одржа во Милич, Полска на крајот на месец септември. Со истите партнери од Полска, Финска, Германија, Летонија, Естонија, Словенија, Романија, Унгарија, Италија, Шпанија и Турција се работи на темата за тоа како волонтирањето може да помогне и придонесе кај еден човек да биде претприемач или пак да добие работа. Во фокус на семинарот е работата на младинските работници во нивните организации со локалните и странските волонтери како ЕВС волонтерите, како и со гостување на некои видни претприемачи и основачи на невладини организации од Македонија. Овој семинар има цел да ја подобри работата на младинските работници со волонтерите како и во времето на нивнотот волонтирање но и по завршувањето на волонтерскиот период. Се надеваме дека ќе успееме да придонесеме во развивањето и споделувањето на добрите искуства кон поактивни млади и млади свесни за вредноста на волонтирањето.
За да дознаете повеќе за проектот следете не на нашата проектна ФБ страна : https://www.facebook.com/TowardsEE-144883426456175/
Проктот е организиран во соработка со нашиот партнер од Полска – Fundacja Mobilni Polacy со поддршка на Еразмус + програма и Полската Национална агенција.