Волонтерски Центар Скопје објавува повик за 25 учесници на обуката која ќе се одржи во втората седмица на месец декември за сексуално и репродуктивно здравје.
Во рамките на Erasmus+ Youth in Action Program Western Balkan Window, во соработка на повеќе Европски држави, Волонтерски Центар Скопје како дел од работниот план и партнерство за имплементација на компонентата “КNOWLEDGE BEATS TABOOS” објавува повик за учество на обука од областа на сексуално и репродуктивно здравје.
Сите млади луѓе, средношколци, студенти, млади полни со ентузијазам и желба да го надоградат и пренесат своето знаење, на возраст до 30 години ги покануваме да се пријават и да бидат учесници.
Ги покануваме сите кои сакаат да станат промотори на младинското лидерство во развој на политиките и програмите за сексуално и репродуктивно здравје, да се пријават и заедно да ги победиме табуата!!!
Се работи за тридневна – целоднецна обука за “Сексуално – репродуктивно здравје и заштита”, која ќе опфати: видови на сексуални преносливи болести, контрацептивни методи, начини на заштита, абортус и многу повеќе од сеопфатното сексуално образование како и што значи да се биде волонтер, техники и начини на комуникација и пренесување на информации.
Обуката е бесплатна, ќе биде на македонски јазик и сите трошоци(материјали, храна и освежување) ќе бидат покриени од страна на Волонтерски Центар Скопје.
Учесниците по завршувањето на обуката ќе се здобијат со сертификати и ќе имаат можност да бидат дел од понатамошните активности.
Сите кои се заинтересирани, пополнете ја доленаведената апликациона форма и се гледаме наскоро!!!
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfuZ1b5RH3klmQCi24YZZKqq_-wBMNTOuiVzdZXnEHuqM1K4w/viewform
Погледнете го светот со други очи и ги очекуваме вашите пријави.
Волонтерски Центар Скопје