Здраво, се викам Михаела и доаѓам од Опава, многу убаво мало градче во Република Чешка. Студирав на факултетот за економија на универзитет во мојата татковина. Сакам патувања, запознавање со нови луѓе и истражување на нови култури. Постоеја многу влијанија на мојата одлука да го одберам проектот во Македонија. Сум била многу пати во Македонија и едноставно ја обожувам оваа земја, нејзината прекрасна природа, култура, луѓето, обичаите и навистина ми се допаѓа македонската кујна. Многу ми е драго што ќе бидам дел од овој ЕВС проект, сакам да бидам од помош и да допринесам со моето животно и професионално искуство.