Кршење на стереотипите, предрасудите, создавање на нови познанства, надминување на граници е главната порака на младинската размена „Ајде да танцуваме за надминување на границите“ организирана од Шведската организација Viksjöforsbaletten од 2 до 9 јуни во Viksjöfors, Шведска. И на Волонтерски Центар Скопје му е драго да биде дел од неа. Оваа младинска размена ќе поврзе млади луѓе од Ерменија, Србија, Шведска, Кипар, Словачка, Шпанија, Франција, Украина, Холандија и Македонија и ќе им обезбеди можност да истражуваат други култури преку движење и танц – Африкански, латино, модерен, традиционален … Идејата на младинската размена беше донесена од страна на Матилда Норлинг кој го помина нејзиниот ЕВС во Македонија и ние сме среќни што успеа да ја оствари својата идеја … Имајте прекрасен проект сите.