По трет пат Меѓународната граѓанска медиумска награда е објавена од страна на Сојузното Здружение на граѓани и Образовни Медиуми (BVBAM), Европската Мрежа Youth4Media и Граѓанскиот Центар Bennohaus во Минстер, Германија. Креативни и посветени филмски и радио продуценти се поканети да создадат свој извештај на тема “Граѓански медиуми за демократија и толеранција – против расизмот и десничарскиот екстремизам”. Освен учество во меѓународниот медиумски камп, победниците можат да очекувааат да добијат парични награди до 1000 евра. Како нова функција, овогодинешната награда нуди дополнителна”национална” категорија за учесници од германското говорно подрачје за видео и аудио поднесоци. За повеќе информации посетете ја веб страницата: www.icm-award.com на која воедно можете за инспирација да го погледнте победничкото видео од минатогодишната награда. Со нетрпение го очекуваме вашиот извештај!