You are currently viewing Youth for Culture – Back to Vevcani 2012 Started!

Youth for Culture – Back to Vevcani 2012 Started!

На 7 Јануари, официјално започна младинската размена “Youth for Culture – Back to Vevcani 2012”. Веќе шеста година по ред, млади луѓе од ширум Европа доаѓаат во Македонија и ја имаат можноста да бидат дел од една од најстарите Македонски традиции- Вевчанскиот карневал, кој се одбележува повеќе од 1400 години, а секако, и оваа година не е исклучок. Зошто Вевчанскиот карневал де одржува токму на 13 Јануари? Во суштина, карневалот е еден масивен настан, во кој сите жители од Вевчани и пошироко учествуваат, а за учесниците на младинската размена, тоа е неверојатна можност да ги доживеат паганските обичаи и да имаат интеракција со локалното население. Но, младинската размена “Youth for Culture – Back to Vevcani 2012”, не е само за карневалот, за кој учесниците сами си ги подготвуваат маските, додека траат деновите на размената. Размената е наменета и да учесниците запознаат нови култури и традиции, од земјите учеснички на настанот: Естонија, Латвија, Полска, Шпанија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Македонија. Сите шеесетина учесници од наведените земји ќе бидат на карневалот на 13 Јануари, па немојте да ја пропуштите шансата да се приклучите и дружите со нив.
Младинската размена “Youth for Culture – Back to Vevcani 2012” е ораганзирана од страна на Волонтерски Центар Скопје, со поддршка на програмата Млади Во Акција, на Европската Комисија. За повеќе информации, ќе ве замолиме да не контактирате на следнава е-пошта: vcs_contact@yahoo.com.