You are currently viewing Be a VOLUNTEER – Make a CHANGE!

Be a VOLUNTEER – Make a CHANGE!

5ти декември – меѓународен ден на волонтерството кој беше прославен секаде низ Европа. За оваа пригода Волонтерски Центар Скопје организираше неколку промоции на волонтерски активности, како и голема забава каде многу странски и локални волонтери имаа можност да се сретнат и да се забавуваат, да ја претстават својата волонтерска работа и хоби преку слики, видеа, жонглирање, диџеј-ство и други настапи. Освен овие активности, Волонтерски Центар Скопје го смета секој ден за ден на волонтерството ценејќи ги сите волонтери од целиот свет со што се грижи за нив секој ден преку овозможување на разни активности за нивен личен, интелектуален и професионален развој.  Да се биде волонтер значи да се земе активно учество во општеството и да се влијае на различни полиња, да се даваат нови идеи, да им се помага на другите, да се спасуваат животи, да се биде хуман, да се размислува без бариери, да се биде проактивен…Волонтерите имаат направено многу промени во овој свет. Секој од нас може да го направи истото – затоа направете ПРОМЕНА, станете ВОЛОНТЕР денес, бидејќи секој ден е ваш ден и придонесувате за ваш развој, ваша иднина и подобро општество. За можности за волонтирање контактирајте не на: vcs_contact@yahoo.com