You are currently viewing 2 во 1 – Ден за социјални кампањи

2 во 1 – Ден за социјални кампањи

Пред нас е последната недела од локалниот 6-месечен проект „Премостување на поделените заедници преку младинска работа“. Како последни, но не и најмалку важни активности, ги имаме социјалните кампањи „НАХРАНИ ГО МОЗОКОТ НАМЕСТО ТЕЛОТО“ (посветена на здрава храна и зголемување на свеста за здрава исхрана и нутриционизам кај младите) и „ИМАМ ЈАС, ИМАШ И ТИ!“ (хуманитарна акција посветена на децата од улица кои се згрижуваат во „Едукативниот Забавен Дневен Детски Центар за деца од улица – Шуто Оризари“). Обете кампањи ќе се одржат во Градскиот парк во Скопје на „Школка“, во сабота, 28 април 2012, почнувајќи во 14:00 со забавна точка за деца и собирање на хуманитарна помош за децата од улица (можете да донесете се што ви е вишок или не ви треба дома од облека, обувки, играчки, ќебиња, како и конзервирана храна и сл.). Во 15:00 ќе следи натпревар во јадење, презентации на здрава храна од страна на ресторанот за здрава храна Хармонија и Kyani, како и промоција на статистичките резултати добиени преку истражувањето спроведено од страна на волонтерите на Волонтерски Центар Скопје. Затоа донесете работи што ви се ЗА ДАВАЊЕ,бидејќи ако ИМАМ ЈАС, ИМАШ И ТИ, и подгответе се со празен стомак, понесете го вашето добро распоЛожение бидејќи ќе ви го НАХРАНИМЕ МОЗОКОТ НАМЕСТО ТЕЛОТО! Се гледаме во сабота!