You are currently viewing Студија на случај за родови стереотипи за учество на млади жени

Студија на случај за родови стереотипи за учество на млади жени

Студијата на случај за стереотипите за учеството на младите жени во процесот на донесување на одлуки во Скопскиот регион е дел од проектот ″Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, поддржан од Европската Унија, кој има за цел да придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики.

Проектот се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА (СЕГА) како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово (ЖФ Тетово), СОС Детско Село Северна Македонија (СОС ДС) и Волонтерски Центар Скопје (ВЦС). Проектот има за цел да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.