You are currently viewing (Македонски) ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНИ ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЧИ

(Македонски) ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНИ ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЧИ

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот: „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“, поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество спроведуван од Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute – EWMI) во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондација за интернет општество „Метаморфозис“, Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), Фондација Отворено Општество – Македонија (ФООМ), и Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ). Во рамките на овој проект се објавува Повик за локални теренски истражувачи.

Се охрабруваат активисти и членови на младински организации да аплицираат за спроведување на процес на локално прибирање податоци во однос на граѓанското учество во процесите на донесување на одлуки. За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 24 локални теренски истражувачи собирачи на податоци.

Локалните теренски истражувачи ќе имаат обврска да спроведат:

Анкети
Интервјуа со локални инстутуции
1 Фокус групи (Велес, Штип, Скопје, Куманово, Струга, Струмица, Битола, Тетово)

Процесот на прибирање на податоци е во рамките на Индексот за младински развој Македонија кој започнува да се применува за прв пат на национално ниво, во периодот април – мај 2018 година.

Ориентациона обука за методологијата на прибирање податоци ќе биде организирана во текот на април 2018 година. За спроведените активности предвиден е соодветен надомест во согласност со обемот на истражување.

Селекцијата ќе се базира врз основа на следните критериуми:

Високо образование – завршено или во тек
Претходно искуство во теренско истражување
Афилијација во граѓански организации кои работат со млади
* предност при селекцијата ќе имаат претставници на организации членки на Коалиција СЕГА.

Кандидатите кои сакаат да се пријават треба да пополнат ја пополнат е-Апликација достапна на следниот линк: https://ec.europa.eu/…/runner/5418853d-9297-22c8-b455-0ea9e…, во која треба да прикачат и своја кратка биографија (CV).

Краен рок за пополнување на апликацијата е 28 март 2018 година. Ненавремено и нецелосно пополнетите апликации нема да се разгледуваат.

Коалиција СЕГА ќе ги контактира само селектираните кандидати.

Со Почит,

Тимот на ВЦС