Во рамките на Erasmus+ Youth in Action Program Western Balkan Window, во соработка на повеќе Европски држави, Волонтерски Центар Скопје како дел од работниот план и партнерство за имплементација на компонентата “КNOWLEDGE BEATS TABOOS” објавува повик за учество на обука од областа на сексуално и репродуктивно здравје.
Обуката се состои од дводневна работилница за запознавање со сексуално и репродуктивно здравје
– Полово преносливи болести
-ХИВ/СИДА
– Контрацепција
– Предности и негативности кај различните видови на контрацепција
- Youth Peer education
Обуката ќе се одржи на 30 и 31ви Мај 2018 година во Скопје. Учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе добијат сертификати. Обуката е бесплатна и сите трошоци(материјали, храна и освежување) ќе бидат покриени од страна на Волонтерски Центар Скопје.
Ги покануваме сите млади кои:
- се на возраст од 16 до 30 години;
- сакаат да добијат информации во полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права;
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме;
- се мотивирани да станат волонтери во ВЦС.
Сите заинтересираните кои сакаат да бидат дел од оваа дводневна обука најдоцна до Сабота 26 Мај 2018 година треба да ја пополнат пријава за присуство на врсничка едукација на следниов линк.
Бројот на учесници е ограничен.
Во очекување сме на вашите пријави.
Со Почит
Тимот на ВЦС