You are currently viewing (Македонски) ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ НА СКОПСКИ ВИЗЕР МАРАТОН!

(Македонски) ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ НА СКОПСКИ ВИЗЕР МАРАТОН!

Почитувани ,

Волонтерски Центар Скопје  оваа година  стана  поддржувач на 14-то издание на најмасовната спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон 2018.

За таа цел, ви  споделуваме повик за волонтери на престојниот Виз Ер Скопски Маратон кој ќе се одржи на 6 мај(недела) 2018.

Виз Ер Скопски Маратон, претставува најмасовна спортска манифестација во регионот од меѓународен карактер, со над 8000 учесници и врвни спортисти рекордери во маратон.
На програмата на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон, се 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.

Доколку си на возраст  над 16 години и си заинтересиран да бидеш дел од спортски настан, да стекнеш нови пријатели и пред се искуство, приклучи се и стани волонтер на Виз Ер Скопски Маратон 2018.

Како дел од оваа манифестација на сите волонтери им следува  маичка со логото на Виз ер Скопски Маратон, ваучер за Виз Ер летови во висина од 20евра и Сертификат на крајот од манифестацијата!

Време е за спортски дух! Аплицирајте на http://skopskimaraton.com.mk/volonteri  најдоцна до Понеделник 30 април 2018!

Во очекување на вашите пријави, се најдобро.
Со почит,

Тимот на ВЦС