You are currently viewing Модерни начини на учење

Модерни начини на учење

Дали сте заинтересирани за онлајн учење и кампањи на социјални медиуми? Никогаш порано не сте биле на младинска размена во странство? Тогаш пријавете се за проектот „Be online, get in anti-discrimination NET”.

Ќе имате можност да се запознаете со е-учење и да го споредите со традиционалното учење. Ќе истражите различни концепти и методи како онлајн така и офлајн. Исто така ќе креирате и модул или можеби и цел курс за е-учење во контекстот на Еразмус +.

Проектот ќе се одржи во Силиври, во близина на Истанбул, Турција од 15ти до 23ти април 2019 година. Волонтерски Центар Скопје бара четворица учесници на возраст од 18 до 25 години.

Заинтересирани? Испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо на vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 22ри јануари до 16.00 часот 2019 година.