Да го направиме светот подобро место преку банки! Младински банки.
Мрежата на младински банки од кој дел е и Волонтерски Центар Скопје има за цел да ги поврзе невладините организации, општините и бизнисите со цел да се направи нешто локално, од младите за младите. Со младинските банки се развиваат вештините и капацитетите на младите луѓе во општината, а во исто време се подобрува и животот во општината.
Мрежата на младински банки направи студија на младинската вработеност во Македонија која може да ја погледнете тука: https://issuu.com/vcsvoices/docs/final_baseline_mladiinfo_final
Исто така како дел од мрежата е изработен и Водич-за-младински-банки-во-Северна-Македонија-Младиинфо-final во кој може да прочитате и се запознаете со работата на младинските банки.
Вредностите како поголема меѓуинституционална соработка, доверба и отвореност, младински активизам и одржливост на вакви иницијативи се главен мотив за сета работа вложена во овој проект, пред се на волонтерска база од страна на организациите членки.
Зошто местото во кое живееме не го направиме поубаво и наше, како што сакаме ние да изгледа?