Со Законот на младинско учество и младински политики се постави некоја основна рамка за тоа кои се млади луѓе, кои се организациите кои работат со млади луѓе и, секако, кои се луѓето кои работат со тие млади. Како исклучителен дел се постави и воспоставувањето на младинските центри, по барем еден во секоја општина, а законот го опишува како „… места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес на младите и други аспекти од животот на младите“. За работата со млади во младинските центри ќе бидат одговорни младински работници. Младинската работа претставува организиран и систематски процес на едукација и поддршка на автентичниот развој на младите со цел остварување на нивниот целокупен личен, социјален и општествен потенцијал и нивно активно вклучување во животот на заедницата.
Волонтерски Центар Скопје со поддршка на Сојузот за младинска работа го спроведува ова истражување за младите од 15 до 23 години во однос на тоа што е Младински центар и што треба тој да нуди на територија на општина Кисела Вода. Истражувањето е пред се наменето за млади теод 15 до 23 години што живеат и престојуваат на територијата на општина Кисела Вода.
За таа цел е подготвен овој анкетен прашалник кој е краток и едноставен и ќе се види дали младите знаат што е младински центар, како треба тој да изгледа и какви програми и содржини истиот треба да нуди.
https://forms.gle/i8fJUAzeDu88287B8
Одговарањето на овој анкетен прашалник не би требало да ви одземе повеќе од 10 минути.
Сојузот за младинска работа во соработка со Центарот за образование на возрасни, Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука спроведува обука за работници со млади, каде што се обучуваат оние луѓе кои ќе работат со младите во организациите и младинските центри. Со цел да се утврди што е тоа младински центар и што треба тој да нуди, се спроведува ова истражување.