Универзалните човекови права се неприкосновени и обезбедени за секое човеково суштество. Првиот предизвик на кои наидуваат човековите права се начинот на инкорпорирање во правните системи на различните држави. Од друга страна различните држави се соочени со културите кои кохабитираат на нивна територија и на различен начин ги доживуваат човековите права.
Волонтерски Центар Скопје, во рамки на проектот „Без расправање“ преку дебатата „Човековите права низ призмата на различните култури“ се обидува да одговори на прашањето дали човековите права треба да се прилагодат на различните култури или vice versa.
Дебатата ќе се одржи на 15.1.2019 во кафе-бар Амбрела.
Повеќе детали на следниот линк: https://www.facebook.com/events/373591066531371/
Ве очекуваме!
Вафире Мухареми