Бидете дел од вашата заедница.

Дали би сакал/а да го минуваш своето слободно време помагајќи им на другите и да помагаш на твојата заедница? Дали сакаш да пишуваш или да се грижиш за деца? Или пак, можеби повеќе би ти се допаднале акции за собирање ѓубре и грижа за околината? Ние имаме повеќе активности на кои можеш да ни се приклучиш!

Списанието ВОИСЕС

Мисијата на „Воисес“ е едноставна: да ги ангажира младите луѓе. А како го правиме тоа? Ги охрабруваме младите да земат активно учество во општеството преку пишување статии и нивно дизајнирање преку платформа на која може лесно да се изразат себе. Пишувај за нас!

Активности со деца

Дали си енергична и внимателна личност? Дали сакаш да работиш со деца? Придружи ни се и помогни во двете институции: „Дневен центар за деца на улица” во Шуто Оризари и во ОУ за деца со посебни потреби: ПОУ „Др Златан Сремец”.Те очекуваме! Научи повеќе.

Еко акции

Дали мислиш дека е важно да се подигне свеста за селектирање ѓубре и рециклирање? Дали сакаш да гледаш помалку ѓубре во природата? Придружи ни се и направи разлика! Освен нашите соработки за рециклирање со „Пакомак“ и со „Елколект“,ние организираме и акции за чистење со „За Почиста Македонија”. Ние се грижиме за животната средина, а ти? …прочитај повеќе

Различни настани

Забавата е, исто така, дел од нашата работа – дали можеби би сакал да креираш Pub quiz заедно со нашите волонтери или да помогнеш во организација на јазично караоке? Можеби би сакал да играме некоја од твоите омилени board игри на некоја од нашите вечери за игри? Разгледај ги настаните кои ги организираме и придружи ни се!

Забавувај се со нас!

Бидејќи освен напорно да работиме, ние сакаме да се релаксираме и да имаме добро време, провери го нашиот календар на настани и дојди заедно да се забавуваме. Викни ги твоите пријатели и придружи ни се во музичките настани, pub quiz-овите и другите активности!

Отворена сцена

Сакаш да ги покажеш твоите музички таленти на сцена или пак уживаш во музика во живо? Не ја пропуштај приликата да слушаш некои од локалните артисти и да направите спонтана и импровизирана соработка! Немаш музичко искуство?Немој да се грижиш, сцената е отворена за секаков вид на изведби. Викни ги твоите пријатели и дојдете во „Биртија паб“!

Јазично караоке

Го надградивме веќе добро познатото караоке и го направивме уште позабавно и интеркултурно: Јазично караоке! Без оглед дали имаш талент за пеење, те покануваме да дојдеш и да се обидеш да пееш на различни јазици. Остави ја срамежливоста дома и уживај во можноста да запознаеш нови луѓе и култури!

Паб-квиз

Кој и да рекол дека знаењето не оди под рака со пабови и пиење, очигледно никогаш не бил на нашите Pub Quiz-ови. Сакаш да научиш нешто ново и да запознаеш нови луѓе, пиејќи пиво? Викни ги твоите пријатели и дојди да го тестираш твоето знаење во „Биртија Паб“!

Вечери за игри

Носталгија по детството? Ти недостасува играње игри со семејството и пријателите? Заедно со нашиот партнер American Corner Skopje,те покануваме да го ослободиш детето во себе на некоја од вечерите за игри.Изборот е твој, Clue, Trivial Pursuit, Pictionary…Дојди и придружи ни се! П.С.:Слободно можеш да земеш некоја од твоите игри од дома.

Филмски вечерир

Дали има некој кој не сака филмови? Филмовите се секогаш добра идеја, нели? Но, ако си уморен од скапите преценети грицки, можеби не си расположен за најновите филмови или немаш друштво ,ние го имаме решението! Дојди на некоја од нашите тематски филмски вечери и запознај нови пријатели. Пуканките ќе чекаат на тебе!

@vcs.skopje

Karaoke night! Thank you amazing people that you keep coming to our events with the best energy❤️🎤 #vcs #skopje #macedonia #karaoke #4u #fyp

♬ original sound - vcs.skopje
@vcs.skopje

Beautiful weather, people and hike to Markovo Kruvce on Mount Vodno. Be Active with VCS! #fyp #skopje #vcs #hiking #active #fun

♬ Weekend Vibe - Jubël
@vcs.skopje

Pub Quiz in Beertija last night 😍 We are back in the game with events! #fyp #skopje #macedonia #vcs #pubquiz

♬ original sound - vcs.skopje