Работни обврски:
• Учество во целокупната работа и планирање на активностите на организацијата;
• Подготовка и спроведување на локални и меѓународни проекти;
• Административна, техничка и логистичка поддршка при организирање настани и проекти(обуки, семинари, размени и сл.);
• Административно да ги води тековните проекти и да подготвува потребни документи и извештаи;
• Комуницира со донатори и партнери на локални и меѓународни проекти;
• Вклученост во работни групи организирани од националните и меѓународните мрежи во кои ВЦС членува или од партнерски организации
• за потребите произлезени од стратешкиот план;
• Службени патувања во и надвор од Македонија;
Потребни квалификации:
• Универзитетска диплома-ВСС ;
• Работно искуство од 3 години во НВО сектор;
• Да има технички и логистички познавања во организирање настани и активности;
• Познавање на програмата Ерасмус +,учество на проекти и спроведување на активности ;
• Способност да придонесува, воспоставува и одржува ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
• Способност да работи во тим, работа со проектни рокови;
• Познавања на проектен и финансиски циклус, менаџирање на разни локални и меѓународни проекти;
• Да има искуство во младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
• Вклученост во процесите на креирање и носење на младински политики;
• Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик(пишуван и разговорен).
• Да не биде постар/а од 34 години
Работно време: Полно работно време, понеделник до петок, 09:00 до 17:00, во одредени проектни активности ангажман за време на викенд.
Работен место: Канцеларија на ВЦС Скопје на ул. Емил Зола бр.3-3/1, Кисела Вода кај стара рампа.
Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на CV и мотивационо писмо на македонски и англиски јазик на nikola@vcs.org.mk .
Краен рок за аплицирање: 15.02.2018, Изборот на пријавените кандидат(к)и кои ги исполнуваат условите ќе се направи по извршените интервјуа во рок од 7 дена по истекот на рокот за пријавување.
Работниот ангажман започнува на 01.03.2018 на неопределено време.
Повеќе информации за ВЦС, можете да најдете тука.