ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ СТАНА ЧЛЕНКА НА Y-PEER МРЕЖАТА


Волонтерски Центар Скопје со своето активно делување на полето на
младински активизам и волонтеризам се приклучува кон активностите на
мрежата во насока на подобрување на сексуалното и репродуктивното
здравје на младите и застапување на нивните права. Како и зголемување на
младинското учество со акцент на национални процеси,партиципативноста на
младите во процесите на креирање и донесување одлуки поврзани со
младинските политики.
Во Mакедонија Y-PEER мрежата постои од 2002 година, и делува во насока
на подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите и
застапување на нивните права. Своите активности мрежата ги спроведува
користејќи го пристапот на врсничка едукација, постојано работејќи на
подобрување на стандардите и квалитетот на истата. Врсничка едукација е
процес при кој добро тренирани и мотивирани млади луѓе преземаат
одговорност да организираат едукативни активности со нивните врсници
(peers) со што помагаат во подобрување на знаењето, однесувањето,
убедувањата, и вештините и ги оспособуваат да бидат одговорни и да носат
информирани одлуки во живо.