Здраво, моето име е Клариса и јас сум најновата и најмлада волонтерка (19 години) во групата. Во следната година ќе бидам дел од Волонтерски Центар Скопје, ќе учам новинарство и ќе помагам во младинската работа.
Пораснав во град на езерото Констанца во јужна Германија. Од малечка бев воодушевена од други култури и земји. Поголемиот дел од моето училишно време, го поминав на размена низ цела Европа.
Јас сум амбиверт и вечен оптимист. Го ценам животот поради малите радости, како на пример – уживување во денот покрај езеро, читање добра книга, уживање во храна и пијалоци со пријатни луѓе или запознавање нови луѓе кои ми го прошируваат хоризонтот.
Четири дена сум во Македонија и веќе се чувствувам како дома. Истовремено сум преплавена од емоции и возбудена што сум тука. Луѓето овде имаат поинаков начин на размислување за животот. Времето тече поинаку, бидејќи луѓето сè уште одвојуваат време едни за други.
Она што со нетрпение го очекувам се искуствата што ќе ги стекнам во новинарството и во младинската работа. Возбудена сум за она што ме опкружува: различни луѓе, природа, храна и погледи на животот. Што повеќе би можеле да побарате?
Клариса
