Сфатив дека можеби е најдобро да се бавам со обука на луѓе. Беше многу важно што морав да работам нешто што е за време на викенди зашто од понеделник до петок сум, нели, на факултет. Значи, имаше многу точки што треба да се почитуваат и така се роди идејата, сосема случајно. Кога почнав не верував дека ќе направиме обуки за Моден дизајн. Но ете така идејата се шири, кругот на пријатели се шири. Денес се случи ние да промовираме и обука за моден дизајн што ќе трае три месеци и преку која слушателите ќе имаат можност да се претстават на Fashion Week. Истите тие слушатели ќе работат на своја колекција која физички ќе постои, ќе се изведе. Ќе имаат сопствен едиторијал во еден наш печатен магазин, така да тоа е, практично, филозофијата на сите курсеви – да има практичен крај. На пример, фотографите да изложат во галерија, филмаџиите да снимаат филм. Нели, не е само обуката. Ние ќе збориме до бескрај теоретски, ќе доаѓаат професори, но јас верувам дека секогаш треба практично тоа да се оствари и затоа филмаџиите имаат своја премиера на снимениот филм, затоа модните дизајнери ќе излезат на модна писта, ќе го покажат тоа што го цртале и на крај, тоа што го шиеле. Тоа е најдобриот начин. Барем според тоа што сум го искусил.
ВОИСЕС: Каде се одвиваат курсевите? Како можат да ве контактираат, како можат да се пријават потенцијалните учесници?
ДЏ:- Фејсбукот е фантастичен. Првично, сите не контактираат таму. И да ме контактираат на мобилен, мојот број го виделе таму. Јадрото е таму. Мометално, имаме 3 простории. Класична предавлна имаме во Аеродром, компјутерска лабораторија во Автокоманда, а студиото, пак, ни е во Центар. Тоа е можеби и најголемиот проблем што го имаме. Не се сите компактибилни за секоја уметност. Не може во истата просторија да имаме постпродукција на фотографија затоа што тоа е компјутерска лабораторија и не може во истата просторија да имаме фотографско студио каде што треба други услови, празен простор, светла, блицеви и слично. Тоа е еден проблем од технички аспект, повеќе за мене и мојот тим, отколку за слушателите бидејќи тие си го знаат своето место. Токму тоа се обидуваме да го исправиме, да најдеме еден поголем простор каде би се одржувале сите обуки.
ВОИСЕС: Кој курс е најпосетуван?
ДЏ:- Фотографија.
ВОИСЕС: Дали слушателите добиваат некаков сертификат или диплома дека завршиле одреден курс?
ДЏ:- Тоа е неформално образование. Се здобиваат со сертификати потпишани од сите предавачи. Од нив има такви кои се значајни имиња во својата област. Воглавно, сите предавачи што се на курсевите, независно дали станува збор за филм, фотографија или друго, сè се тоа, универзитетски професори или професионалци во нивната област. Еве еден пример: Еден поранешен слушател на мојот курс кога се запишувал на академија во Нови Сад го приложил својот сертификат и на приемниот испит професорката го воочила и ги забележала моето и имињата на моите колеги како предавачи. Ние имаме изложувано во РеФото, а таа е главна уредничка во Србија за тоа списание која не познава како автори. И тогаш атмосферата се спуштила на едно попријателско ниво. Значи, тој сертификат нема официјална вредност, но со него се потврдува дека е посетувана некаква обука.
ВОИСЕС: Дали има возрасна граница или класификација за тоа кој може да учествува?
ДЏ:- Курсот за Актерска игра е за целна група од 16 до 24 години иако има барања и за една повозрасна група која тотално не изненади. Така, се трудиме да направиме една програма за таа возраст. Додека пак, предвањата по Филозофија и Психологија се дефинирани за над 16 или 18 години, не памтам точно како беше забележано. Тоа е тоа за целните групи.
ВОИСЕС: Дали планирате да воведете уште некој нов курс? Какви се вашите идни планови?
ДЏ:- Секојдневно примам понуди за нови обуки, курсеви или предавања. Тоа е убаво. Луѓето ме бараат мене, ми нудат мене. Апсолутно, секој што има нова програма или идеја, со задоволство би ја разгледале. Впрочем, така настана и курсот по Моден дизајн со Маја Кикириткова со која се знаеме онака, од град што се вели. Отворени сме за секаков вид соработка, но јас луѓето секогаш ги предупредувам дека ние работиме со уметнички медиуми или со научни работи кои се, сепак, блиски до уметноста, како Филозофија или Психологија на пример. Не можеме да се бавиме со нешто што не ни е познато. До нас стигнувале најразлични понуди, но факт е дека никогаш нема да имаме курс по Шминка или курс по Јавен говор.
ВОИСЕС: Дали вие држите дел од обуките и кои?
ДЏ:- Сите обуки си имаат свој ментор, јас сум ментор на онаа по Класична фотографија. Постпродукција на фотографија има друг ментор, а останатите обуки имаат исто така други. Јас сум, практично, менаџер на целата таа идеја. Понекогаш сум презафатен, се прашувам дали некој може да ме замени, но подоцна си велам дека кога би се откажал од менторството, би се изгубил тој дел на практична работа и моето откажување од другата работа не би имало смисла. Би ја скршил, на тој начин, целата таа идеја. Се ќе се сведе на меназирање и предавање, затоа мислам дека ќе се задржам на позицијата ментор.
ВОИСЕС: Да се биде фотограф е тешка работа насекаде во светот. Како е во Македонија?
ДЏ:- Во мојот живот, никогаш не сум заработувал од фотографија. Зборувам за она да направам фотографија како производ и потоа да ја продавам. Единствен начин во Македонија да се заработи од фотографија е преку медиум. Печатен или електронски медиум. Но и тоа што се случува таму е многу слабо платено. Само уредниците на фотографија заработуваат доволно, а тие се пет на број. Јас сум заработувал само преку обуките. Или доколку се фотографира на свадби. Е таму ужасно многу се заработува.
ВОИСЕС: Каков совет би им дале на младите кои сакаат да почнат да фотографираат?
ДЏ:- Хмм… Кога станува збор за обуките и предавањата, мојот пристап е нетрадиционален. Сите часови се сведени на забава. Да се забавувавме, тоа за мене е приоритет. Сите ментори пред да започнат да држат обуки ги обучувам на некој начин како да предаваат и како да ја задржат мојата замисла за тоа како треба да изгледа едно предавање. Така, јас не ги ни советувам слушателите, сè е случува спонтано. Не сакам да кажувам како нешто треба да биде или пак некој за нешто да советувам. После 14 недели, слушателите иако немале никакво класично предвања, знаат сè од технички аспект за фотоапарат, а и многу повеќе од она што го знаеле за ликовната и музичката уметност, за сликарството, за филмот и театарот пред доаѓањето на курсот. А тие дошле за фотографија. Пред сè, тоа е и мојата филозофија. Да не се наметнува, да не се советува. Никогаш директно не давам некоја инструкција, туку доаѓа сосема случајно. Доколку сметатм дека треба да се советува, тоа никогаш не е генерализирано. Затоа и имам доста вонредни часови со лицата со кои сметам дека нешто треба да се сработи дополнително. Таков случај се и на пример, слушателите кои подоцна се запишувале на академија, па сме доработувале во оној дел каде што имало потреба. Значи, сè е сведено на забава.