Волонтерски Центар Скопје е во потрага на еден готвач, новинар и музички бенд за проект кој ги отвара европските врати кон Балканот!
Проектот Convergence Balkans, е проект кој ќе биде реализиран од организацијата Мега фокс од Франција, Волонтерски Центар Скопје, Македонија и Грција.
Проектот вклучува три главни активности:
-Готвење храна за 45 учесници на проектот;
– Подготовка на вечерни концерти од страна на музички бендови, (по еден музички бенд од секоја земја, секоја вечер ќе има своја изведба)
– Подготовка на новинарски написи, од страна на новинари.
Активностите ќе бидат реализирани од 7-14 мај во Македонија, Скопје, од 14-19 мај во Дижон, Франција и од 25 август до 2-ри септември во Партас, Грција.
Учесниците на проектот во Скопје ќе бидат дел од активностите во Франција и Грција.
Целта на проектот е преку храната, музиката и медиумите да се европа да ги отвори своите порти кон Балканот и да го осознае начинот на живот на локалното население на Балканот.
Целна група на проектот се млади на возраст од 18-30 години кои се во фаза на учење да бидат готвачи, новинари и музичари.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од проектот вашата кратка биографија и мотивационо писмо испратете ги на: vcs_contact@yahoo.com , најдоцна до 11-ти март 2019.