Почитувани, Ве известуваме дека Волонтерски Центар Скопје започна да спроведува истражување за потребите на проектот „ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКО УЧЕЊЕ ЗА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА“ во партнерство со општина Кисела Вода, а со финансиска поддршка добиена преку проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ финансиран од Европската Унија. Ве покануваме сите вие, кои живеете или делувате на територијата на Општина Кисела Вода, да се вклучите во ова истражување и го дадете својот придонес со пополнување на прашалникот кој се наоѓа на следниот линк најдоцна до 29ти јуни 2015 (понеделник): прашалник. Целта на проектот е подобрување на условите за работа и живот во општина Кисела Вода преку подигнување на свеста за важноста на претприемачкото учење помеѓу граѓаните, особено младите.
Ви благодариме однапред за вашата соработка