Здраво! Јас сум Синтија, 29-годишна менаџерка на проекти за дигитална трансформација која живее во Марна, Франција, каде што произведуваме шампањ. Ќе поминам три месеци на пракса во Волонтерски Центар Скопје како дел од програмата за Стручно образование и обука (СОО).
Отсекогаш сакав да работам во странство, па затоа решив да ѝ дадам меѓународна димензија на мојата кариера. Желна сум да истражувам управување со проекти во странска земја. Верувам дека културниот идентитет нужно влијае на стиловите на работа.
Не сум запознаена со овој регион на Европа – Балканот – и не можев ни да ја лоцирам Македонија на мапа. По десет години работа во една те иста земја, оваа можност за работа во странство е значаен предизвик за мене.
И, секој што учествувал во програмата „Еразмус+“ ми кажа дека тоа ќе ми го промени животот. Па, ајде да го направиме ова!
Синтија Гиљати
Организација-испраќач: Cercle de Qualité