Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука „Let’s get resilient“ во Словенија.
Место: Сончеви ридови на Истра, Словенија
Датум: 2.6.2026 – 10.6.2026
За проектот:
„Let’s get resilient“ е меѓународен курс за обука дизајниран за учесниците да истражуваат одржливи начини на работа со себе и со другите преку внимателност, уметнички практики погодни за почетници и движење. Во свет кој постојано бара акција, продуктивност и видливост – оваа обука нуди смирен и поддржувачки простор за забавување, повторно поврзување и повторно откривање на автентичноста.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Mladinski center Dravinjske doline
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 26.04.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
